Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер се запраша дали истрагата, за можно руско мешање во американските претседателски избори 2016 година, ќе биде завршена.
Тој го постави прашањето откако еден од главните истражувачи е отпуштен.
Адвокатот на поранешниот агент на ФБИ Питер Стржок соопшти денеска дека Стржок бил отпуштен поради порака во која упатувал критики до Трамп, наведува АП.
Водачот на истрагата за можно руско мешање, Роберт Малер, го отпуштил Стржок од истражувачкиот тим, веднаш откако дознал за спорните пораки.
Трамп на Твитер истакна дека „листата на лоши играчи во ФБИ и во Министерството за правда е се подолга и подолга“, нарекувајќи ја истрагата за руско мешање „тотална правара“.