Откако Доналд Трамп најави масовен собир против изборниот фалсификат за 6-ти јануари, поддршка почна да стигнува од сенатори и членови на претставничкиот дом, кои се заложија дека ќе ги оспорат резултатите од изборите.
Трамп на својот Твитер профил ја сподели пораката за поддршка од Републиканскиот сенатор од Мисури, Џош Холи, кој се заложи да ги оспори резултатите и да се спротивстави на наводниот изборен фалсификат.
– Ќе презентираме масовни докази на 6-ти јануари. Победивме, и тоа МНОГУ!, напиша Трамп на Твитер.
На 6-ти јануари, во американскиот конгрес ќе се одржи седница на која ќе треба да се верифицираат резултатите од претседателските избори.
Massive amounts of evidence will be presented on the 6th. We won, BIG! https://t.co/ymncRrNR5t
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 1, 2021