Свет 20. февруари 2020. / 10:42

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Трамп му понудил помилување на Асанж под еден услов

Адвокатот на Џулијан Асанж тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп му понудил помилување на основачот на Викиликс доколку каже дека Русија не била вмешана во објавувањето на електронската поштата на Демократската партија за 2016 година.

Понудата наводно ја пренел поранешниот републикански конгресмен Ден Рохрабахер  кој е познат по отворената подршка на рускиот претсеател Владимир Путин, а ја посетил Еквадорската амбасада во Лондон, додека Асанж престојуваше во неа, во 2017. година.

Адвокатот на Асанж ги изнесе овие обвиненија за време на подготвителното сослушување пред судот во Вестминстер, во пресрет на судењето следната недела на кое се очекува да се донесе одлука за екстрадиција на Асанж.

Портпаролот на Белата куќа Стефани Греам ги негираше овие обвинувања.

„Претседателот едвај знае за Ден Рохрабахер, освен дека е поранешен конгресмен. Тој никогаш не разговарал со него за оваа или скоро ниту една друга тема. Ова е целосна измислица и тотална лага“, рече таа.

Пораките што ги објави Викиликс пред претседателските избори во 2016. година содржеле поразувачки детали за Демократската партија и наводно ги уништиле шансите на нивната канидатка Хилари Клинтон.

Асанж претходно негираше дека материјалите ги примил од Кремљ, иако руските разузнавачи во Америка беа обвинети за вмешаност во случајот.

Доколку биде прогласен за виновен, Асанж се соочува со 175 години затвор.

Обвинението беше објавено на 11 април лани, откако Асанж беше уапсен претходно истиот ден во еквадорската Амбасада во Лондон, во која се засолни во 2012 година за да не биде екстрадиран во Шведска под обвинение за сексуален напад.

Асанж (47) е во затвор во Лондон откако Еквадор му го укина азилот и на тој начин спречи понатамошен престој во зградата на амбасадата на Еквадор во Велика Британија. Во Лондон против него се води судска постапка на која се одлучува дали да биде екстрадиран во САД