Свет 13. декември 2019. / 10:21

Трамп му ја честиташе убедливата изборна победа на Борис Џонсон

Трамп му ја честиташе убедливата изборна победа на Борис Џонсон

Американскиот претседател Доналд Трамп на британскиот премир, Борис Џонсон му ја честиташе убедливата победа на изборите.

– Честитки за Борис Џонсон на големата ПОБЕДА! – напиша Трамп на Твитер.

Трамп наведе дека Велика Британија и САД сега ќе можат да постигнат нов трговски договор по Брегзит.

– Тој договор има потенцијал да биде многу поголем и повносен од било каков договор што може да биде постигнат со ЕУ – истакна Трамп.


Американските медиуми напоменуваат дека Европската унија во моментов е најголем тгровски партнер на Велика Британија.