Свет 15. октомври 2018. / 10:17

Трамп: Можно е Путин да е вмешан во убиства и труења

Трамп: Можно е Путин да е вмешан во убиства и труења

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, е веројатно вмешан во убиствата и труењата на високи претставници.

Трамп во интервјуто за Си-Би-Ес кое било посветено на неговиот однос со Путин, Трамп, на констатацијата на новинарот, дека луѓето немаат разбирање зошто тој никогаш нема ниту еден тежок збор за Путин, прво прашал: „Добро, дали сте подготвени?“.

„Сум бил остар кон Путин. Вие не знаете за што сум зборувал со Путин на состанок пред конференцијата за печат“, рекол Трамп.

На тврдењето на новинарката дека тоа не го правел јавно, американскиот претседател одговорил: „Не сум? Јас сум тој, кој ѝ даде на Украина офанзивно оружје и тенкови убијци. Тоа не го направи Обама. Знаете што испрати тој? Испрати перници и ќебиња…“, рекол Трамп.

На прашањето дали се согласува со тоа дека Путин е вмешан во убиства и труења, Трамп одговорил: „Најверојатно е вмешан“.