Говорејќи на годишната Конференцијата на конзервативна политичка акција (КПАК), поранешниот претседател на Соединетите држави, Доналд Трамп, рече дека може да избере да ги победи демократите по четири години по трет пат, пренесува Дејли Меил.
Поранешниот шеф на државата преку своите коментари алудираше дека размислува повторно да се кандидира за претседател во 2024 година, исто така сугерирајќи дека тој сè уште не прифаќа дека ги загуби претседателските избори во 2020 година од актуелниот претседател Џо Бајден.
Кој знае, можеби дури и ќе одлучам да ги победам по трет пат, добро?, рече претседателот пред присутните на собирот.
Трамп истакна оти е сигурен дека демократите ќе ја изгубат Белата куќа кога ќе се одржат следните избори, поправајќи се во говорот дека тие всушност „само што изгубија“ во 2020 година.