Свет

Трамп: Многу сум доследен, јас сум многу стабилен гениј

Трамп: Многу сум доследен, јас сум многу стабилен гениј

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека е „многу стабилен гениј“ и прогласи сопствена победа на Самитот на НАТО, што денеска заврши во Брисел.

– Многу сум доследен, јас сум многу стабилен гениј, наведе Трамп.

Тој истакна и дека Самитот бил „прекрасен“ и дека тој го добил тоа што го бараше – повисоки финансиски приливи за буџетот на Алијансата.

– Имаме огромен напредок. Повеќе држави се согласија на 33 милијарди долари. Заложбата на САД за НАТО останува многу голема. Прекрасно беше да се види степенот на добра атмосфера, неверојатно е добро ќе се согласиме и за Русија, наведе Трамп на прес-конференција во Брисел.

Трамп коментирајќи ја претстојната средба со рускиот претседател Владимир Путин наведе дека Русија е конкурент, а не непријател.

Американскиот претседател одговорајќи на новинарско прашање дали Путин претставува закана, потенцира дека рускиот претседател е „натпреварувач“.

– Дали ми е непријател? Не ми е непријател… Се надевам дека можеби еден ден ќе ми биде пријател. Едноставно не го познавам доволно добро, посочи Трамп.