Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мексиканските наркокартели ќе ги окарактеризира како терористи поради нивната улога во трговијата со дрога и со луѓе.
– Тие ќе бидат обележани … Работам на тоа последните 90 дена. Знаете, тоа не е лесно. Мора да поминете цел процес и ние тоа го правиме – изјави Трамп во интервју со конзервативниот новинар Бил О’Рали.
Министерот за надворешни работи на Мексико во понеделникот изјави дека не очекува САД да го направат таков потег.