Свет 29. јули 2020. / 10:04

Трамп: Лекот против маларија е одбиен како можен лек против Ковид-19 само затоа што јас го предложив

Трамп: Лекот против маларија е одбиен како можен лек против Ковид-19 само затоа што јас го предложив

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ја бранеше употребата на хидроксихлорохин во борбата против коронавирусот, со што се спротивстави на мислењето на официјалните лица од американскиот Кризен штаб.

Трамп тврди дека лекот против маларија е одбиен како можен лек против Ковид-19 само затоа што тој го предложил, јави Би-Би-Си.

Пораката од американскиот претседател следеше откако Твитер го супсендира налогот на неговиот син Доналд Трамп јуниор, поради објавување збунувачки и потенцијално штетни информации за коронавирусот.