Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека корона вирусот на крај ќе исчезне и повтори дека е против воведувањето на мерки за носење на маски на национално ниво.
На крајот на краиштата ќе бидам во право. Реков од порано дека корона вирусот ќе исчезне и тоа сега повторно го кажувам. Ќе исчезне и јас ќе бидам во право – вели Трамп во интервјуто кое го емитуваше американската телевизија „Фокс њуз“.
Во последните 24 часа во САД со Ковид-19 се заразени повеќе од 60.00 луѓе, додека од почетокот на пандемијата заразени се вкупно 3,7 милиони луѓе.
Трамп процени дека од многуте инфицирани се млади луѓе „кои ќе оздрават за еден ден“.
Американскииот претседател од претходно рече дека е против воведување на задолжително носење на маска на национално ниво иако некои сојузни држави ја воведоа таа мерка.
Не, сакам луѓето да имаат одредена слобода. Не се согласувам дека вирусот ќе исчезне ако сите носат маски – изјави Трамп во јавсност само еднаш носеше маска на лицето.