Свет 25. ноември 2020. / 10:22

Трамп ќе се бори до крај: Подготвена е голема тужба во Џорџија, во Невада ќе се сослушуваат сведоци

Трамп ќе се бори до крај: Подготвена е голема тужба во Џорџија, во Невада ќе се сослушуваат сведоци

Претседателот на САД и неговиот тим од адвокати и правници се спремни да ја водат битката до крај, најавена голема тужба за изборна измама во Џорџија, додека пак во Невада ќе се сослушуваат очевидци кои би требало да сведочат за нивното искуство при пребројувањето на гласовите и за сите сомнителни дејствија кои се случиле на истите.

Сидни Пауел, која важи за една од најдобрите адвокати во САД, вчера вечер во интервју за Фокс Бизнис најави дека во тек е голема тужба во Џорџија чија главна цел ќе биде да докаже дека бројот на изборни нерегуларности е огромен и да собере доволно докази, како материјални, така и изјави од очевидци кои би укажале дека станува збор за масовен заговор и план да се украдат изборите на државно ниво.

Доналд Трамп пак, во свој твит побара од државниот секретар на Џорџија, Бред Рафенспергер, да се дозволи пристап на кампањата на Трамп да изврши увид во гласачките ливчиња испратени по пошта со цел да се проверат потписите на истите и дали гласовите биле легални.

Во меѓувреме, стигнаа вести и од Невада, каде што судија одобрил јавно сослушување на сведоци, очевидци кои присуствувале на пребројувањето на гласовите и тврдат дека забележале огромен број на неправилности при броењето на гласовите.