Свет 01. ноември 2018. / 10:03

Трамп: Ќе распоредиме 15.000 војници на границата со Мексико

Трамп: Ќе распоредиме 15.000 војници на границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека САД би можеле да распоредат до 15.000 војници на границата со Мексико, за да го спречат влегувањето на американска територија на колоната мигранти од централно-американските земји.

„Што се однесува до поворката на мигрантите, нашата војска е распоредена. Имаме околу 5.000 војници и ќе одиме до 10.000 или 15.000“, рече американскиот претседател.

Двата карвана со околу шест илјади луѓе од Централна Америка, во моментов се на југот од Мексико и продолжуваат да се движат кон границата на САД, каде што мигрантите планираат да поднесат барање за азил.