Доналд Трамп изјави дека нема да присуствува на инаугурацијата на Џо Бајден на 20 јануари, прекинувајќи традиција долга повеќе од 150 години.
Актуелниот претседател не откри како ќе ги помине своите последни 12 денови во Белата куќа, но вети дека ќе работи на тоа да се обезбеди мирна и законска транзиција на власта.
Последниот претседател кој го направил ова бил Ендрју Џонсон, кој во 1869 година одбил да патува на церемонијата во иста кочија со неговиот наследник Јулисис Грант.
„До сите оние кои ме прашуваа, нема да одам на инаугурацијата на 20 јануари“, напиша Трамп на Твитер.
To all of those who have asked, I will not be going to the Inauguration on January 20th.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) January 8, 2021
За разлика од него, актуелниот потпретседател Мајк Пенс се очекува да присуствува на прогласувањето на Бајден за нов претседател, иако засега не го потврдил ова.