Свет 29. март 2019. / 21:30

Трамп: Ќе ја затворам границата со Мексико

Трамп: Ќе ја затворам границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека следната недела ќе ја затвори американската граница со Мексико или барем големи делови од неа.

Тој нагласи дека ќе го направи тоа следната недела доколку Мексико веднаш не ја спречи илегалната миграција, која пристигнува во САД од регионот.

На својот Твитер, Трамп напиша дека Мексико би можело лесно тоа да го направи, но дека тие само ги земаат американските пари и зборуваат, пренесе Ројтерс.