Американскиот претсдател Доналд Трамп изјавил дека би можел да го покани севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во САД, ако нивниот состанок во Сингапур помине добро, пренесува Си-Ен-Ен.
„Да…ако помине добро, би можело тоа да се случи“ им рекол Трамп на новинарите, за време на прес-конференција со јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Трамп исто така рекол дека може да предвиди нормализација на односите меѓу САД и Северна Кореја, доколку постигне договор со Ким.
„Нормализација на односите е нешто што можам да очекувам, кога се ќе биде завршено. Ние секако дека сакаме да постигнеме нормализација“ порачал Трамп.
Тој додаде дека санкциите против Северна Кореја се уште остануваат, но терминот максимален притисок, сега за сега е пензиониран.