Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека Кина можела да го запре корона вирусот пред да се прошири во светот и оти американската администрација спроведува „сериозна истрага“ за тоа.
Спроведуваме многу сериозна истрага… Не сме среќни со (постапувањето на) Кина – истакна Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Американскиот претседател додаде дека вирусот можел да биде запрен на местото каде што настанал.
Можеше брзо да биде запрен и да не се дозволи да се прошири низ целиот свет – наведе Трамп.