Свет 20. мај 2020. / 22:59

Трамп: Кина е виновна за „масовно убиство ширум светот“

Трамп: Кина е виновна за „масовно убиство ширум светот“

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја нападна Кина поради пандемијата на коронавирусот, обвинувајќи ја дека нејзината неспособност довела до “масовно убиство ширум светот”.

Трамп на Твитер наведе дека „некој лудак во Кина“, кого не го именуваше, објавил соопштение во кое „ги обвинува сите, освен Кина, за вирусот кој усмрти стотици илјади луѓе”.

– Ве молам објаснете му на овој глупак дека неспособноста на Кина и ништо друго, довело до ова масовно убиство во светот, напиша Трамп.