Доналд Трамп нема намера да се помири со резултатите од претседателските избори во САД одржани на 3 ноември. Тоа го докажува секој ден, особено на „Твитер“. Неговите објави се редат една по друга, а последниот негов твит гласи:
-Јас победив на изборите!.
Неколку часа пред тоа, Трамп продолжи да зборува за лажни вести и за лажни медиуми кои објавиле дека Џо Бајден ќе бил новиот претседател на САД, не дозволувајќи ѝ на неговата страна да презентира докази дека тоа не е така.
Трамп ја обвини и компанијата „Доминион воутинг системс“, чии ИТ експерти работат во Србија и прават софтвер за изборите во Америка, дека е одговорна за кражба на неговите гласови во одредени земји.
Трамп вчера првпат јавно призна дека неговиот демократски противкандидат Џо Бајден победил, но ги повтори своите тврдења дека „изборите се наместени“.