Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба против американската држава Калифорнија за донесување нов закон со кој се бара од кандидатите за претседател да објават информации за данок на доход.
Во тужбата поднесена во федералниот суд во Сакраменто од страна на адвокатите на Трамп се соопштува дека новиот статут, кој беше додаден на законот минатата недела, е неуставен затоа што прави нови незаконски правила за тоа кој може да се кандидира на претседателски избори, пренесе Ројтерс.