Свет 13. февруари 2020. / 21:40

Трамп ја пофали Кина за борбата против корона вирусот

Трамп ја пофали Кина за борбата против корона вирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали Кина за борбата против корона вирусот оценувајќи дека тоа го направиле професионално.

– Мислам дека се соочија со вирусот професионално и сметам дека се исклучително способни, изјави Трамп за подкаст на станицата АјХарт, а пренесува Ројтерс.

Прашан за тоа дали Кина ја зборува вистината за корона вирусот, Трамп рече:

– Никогаш не можете да знаете. Мислам дека сакаат да се покажат во најдобро светло, рече Трамп.