Свет 25. април 2019. / 18:04

Трамп ја исмеа претседателската кандидатура на Бајден: Добредојде во трката заспан Џо

Трамп ја исмеа претседателската кандидатура на Бајден: Добредојде во трката заспан Џо

Добредојде во трката заспан Џо, напиша Трамп на Твитер во потсмешливата порака за кандидатурата за претседател на демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

-Ќе биде валкано, се надевам дека имаш доволно интелигенција, напиша американскиот претседател Доналд Трамп во пораката по објавувањето на кандидатурата на Бајден, кој е долгогодишен врвен политичар на Демократите.

Во времето на Обама, Бајден беше потпретседател на САД.

-Ќе биде валкано – ќе треба да се справуваш со луѓе кои имаат дементни и болни идеи. Но, ако успееш, се гледаме на стартната линија!, му порача Трамп на Бајден.

77- годишниот Бајден се кандидираше за претседател на САД на изборите 2020 заедно со уште дваесетина кандидати на Демократската партија.