Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на кралот на Јордан дека Израел ќе има премиер наречен Мухамед, ако не се реши палестинско-израелскиот конфликт.
Израелската телевизија Канал 10 објави дека Трамп тоа го кажал во Белата куќа кон крајот на јуни, по посетата на јорданскиот крал, во полухумористичен тон, и откако кралот Абдула изјавил дека многу млади Палестинци сакаат „единствена држава со еднакви права”, пренесува Тајмс оф Израел.
Канал 10 соопшти дека тоа го потврдиле и израелски и поранешни американски официјални лица кои присуствувале на тој состанок, како и јорданската амбасада во САД.