Свет 21. јуни 2018. / 22:42

Трамп издаде наредба за соединување на разделените семејства

Трамп издаде наредба за соединување на разделените семејства

Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека во текот на состанокот со кабинетот во Белата куќа, издал наредба до владините агенции за повторно соединување на членовите на имигрантските семејства, кои се разделени, откако илегално влегле од Мексико во САД.

Вашингтон пост, денеска објави дека администрацијата на американскиот претседател ќе го запре гонењето на имигрантите кои со деца илегално ја преминуваат границата меѓу Мексико и САД, додека властите не добијат ресурси кои се потребни за држење на илегалните имигранти во притвор.

Трамп вчера потпишал извршна одредба за имиграција според која треба да се заврши раздвојувањето на семејствата на имигрантите кои илегално ја преминуваат границата.