Свет 24. декември 2020. / 10:03

Трамп: Иран ќе биде одговорен ако загине па дури еден Американец

Трамп: Иран ќе биде одговорен ако загине па дури еден Американец

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска му се закани на Иран дека ќе ја смета земјата за одговорна ако во Ирак загине и еден Американец.

Трамп на Твитер потсети дека американската Амбасада во Багдад била погодена од неколку ракети.

– Три ракети не беа лансирани. Погодете од каде се: од Иран. Сега слушаме приказни кои кружат за нови напади врз Американци во Ирак. Имам еден здрав, пријателски совет за Иран: Ако еден Американец настрада, ќе го сметам Иран за одговорен. Размислете за тоа, напиша Трамп.

Кон Зелената зона во ирачкиот главен град, каде што се наоѓа и американската Амбасада, во неделата беа истрелани осум ракети. Притоа загина еден ирачки цивил, а државниот секретар Мајк Помпео за нападот обвини проиранска шиитска група.