Свет 13. април 2020. / 09:58

Трамп им се заблагодари на Путин и на саудискиот Крал Салман за договорот за нафтата

Трамп им се заблагодари на Путин и на саудискиот Крал Салман за договорот за нафтата

Американскиот претседател Доналд Трамп го поздрави договорот на водечките светски производители на нафта за намалување на производсвото  на сирова нафта на глобално ниво и порача дека благодарение на тоа, ќе се сочуваат работни места во американската индустрија.

– Договорот ќе спаси стотици илјади работни места во областа на енергетиката во САД – изјавиТрамп.

Американскиот претседател истакна дека им се заблагодарил и им честитал на рускиот претседател Владимир Путин и на судискиот крал Салман на постигнатиот договор.

Членките на ОПЕК и нивните сојузници потпишаа договор за намалување на производтвото на нафта на 9,7 милиони барели дневно, соопошти претходно Министерството за енергетика на Казахстан.

Во соопштението се наведува дека е постигнат договор за намалување на производството на нафта за два месеца, почнувајќи од 1 мај.