Свет 01. април 2020. / 11:04

Трамп и Пелоси се скараа поради смртноста од корона вирусот во САД

Трамп и Пелоси се скараа поради смртноста од корона вирусот во САД

Смртноста од вирусот Ковид-19 во САД во изминатото деноноќие постигна рекорд, надминувајќи ја бројката од 800 починати лица, а досега починале повеќе од 3.700 Американци од вкупно 185.000 заразени лица.

Таквите загрижувачки бројки беа приочина за жесток вербален судир меѓу демократска спикерка на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси и претседателот Доналд Трамп.

Пелоси во изјава за Си-Ен-Ен изјави го обвини Трамп дека Американците умираат поради задоцнетата реакција на неговата администрација за ширењето на коронавирусот.

Негирањата на претседателот на почетокот беа смртоносни. Задоцнетото снабдување на опремата таму каде беше најпотребна е смртоносно. Додека претседателот безделничи, луѓето умираат. Откако ќе заврши најлошото време од катастрофата, ќе биде отворена истрага за акциите на Трамп – изјави Пелоси.

На ваквите напади, Трамп одговори со тоа што ја нарече Пелоси „болно кученце кое има многу проблеми“.

Тој ја обвини Пелоси дека ги игнорирала неговите првични одлуки да ги забрани летовите од Кина и дека ако не го сторел тоа „ќе имало смртност каква што не виделе досега“. Исто така, Трамп ја обвини Пелоси и поради тоа што го трошела времето на негов импичмент.

– Сметам дека е срамно за нејзината земја, за нејзиното семејство. Колку страшна изјава – кажа претседателот за критиките од Пелоси.

Според ставовите на првите луѓе од координативното тело на Белата куќа за борба со корона вирусот, Дебора Биркс и Антони Фаучи, во САД се предвидуваат од 100.000 до максимални 240.000 смртни случаи од Ковид-19.

Сепак, тие изразија мислење дека тоа може да се спречи ако строго се почитуваат протоколите за намалување на последиците од вирусот.