Свет 20. јануари 2021. / 15:03

Трамп и Меланија се збогуваа со поддржувачите: Ве сакаме и ќе се видиме повторно

Трамп и Меланија се збогуваа со поддржувачите: Ве сакаме и ќе се видиме повторно

Имавме неверојатно 4 години. Работевме напорно и се сакавме. Ви благодарам и на вам, мои поддржувачи, им благодарам на членовите на моето семејство и на сите мои соработници – рече Трамп.

Денеска досегашниот американски претседател Доналд Трамп ја напушти Белата куќа и му го препушти претседателскиот Кабинет на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Toj, заедно со својата сопруга Меланија, слета во заедничката база Ендрус на неговата церемонија за испраќање.доналд трамп

Имавме неверојатно 4 години. Работевме напорно и се сакавме. Ви благодарам и на вам, мои поддржувачи, им благодарам на членовите на моето семејство и на сите мои соработници. Ми беше огромна чест и привилегија да ви бидам претседател. Секогаш ќе се борам за вас, ќе ве слушам и ќе ве следам. Ве сакаме и ќе се видиме повторно – им порача Трамп на поддржувачите.