Претседателите на САД и Франција, Доналд Трамп и Емануел Макрон одржаа билатерална средба на која разговараа за меѓународната безбедност, ситуацијата во Сирија, како и за трговијата меѓу САД и ЕУ, соопшти Белата куќа.
Меѓу темите за кои разговарале двајцата лидери бил и одговорот на заканите од страна на Иран, како и создавање фер трговски услови меѓу САД и ЕУ.
Трамп и Макрон разговарале и за плановите на американскиот претседател да го посети Париз во ноември и да присуствува на церемониите посветени на стогодишнината од крајот на Првата светска војна. Двајцата претседатели ја потврдија и својата приврзаност кон тесната координација на активностите за борба против глобалните предизвици, стои во соопштението на Белата куќа.
Трамп и Макрон се во Њујорк на сесија на Генералното собрание на ОН.