Свет 11. јуни 2018. / 11:26

Трамп и Ким ќе разговараат за постигнување траен мир и денукларизација

Трамп и Ким ќе разговараат за постигнување траен мир и денукларизација

Како што наведуваат медиумите, двајцата лидери ќе разговараат и за други прашања од значење за двете страни.

Севернокорејските државни медиуми објавија дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун и американскиот претседател Доналд Трамп ќе разговараат за „постојан и траен мировен механизам“ на Корејскиот Полуостров и денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Како што наведуваат медиумите, двајцата лидери ќе разговараат и за други прашања од значење за двете страни.

Трамп и Ким ќе имаат средба утре на сингапурското острово Сентоса. Ким во Сингапур пристигна заедно со министерот за надворешни работи Ри Јонг Хо, министерот за одбрана Но Кванг Чол и сестрата Ким Јо Јонг, јави севернокорејската агенција КЦНА.