Претседателот на Америка Доналд Трамп се сретна со ријалити ѕвездата Ким Кардашијан во Белата куќа за да разговара за реформата на затворскиот систем.
На состанокот присуствувале и официјални лица од Белата куќа меѓу кои и советникот Џаред Кушнер.
Трамп ја сподели фотографијата од состанокот на Твитер.
Great meeting with @KimKardashian today, talked about prison reform and sentencing. pic.twitter.com/uOy4UJ41JF
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 30, 2018
„Одличен состанок со Ким Кардашијан денеска, разговаравме за реформите на затворите и изрекувањето пресуди“, напиша Трамп.
„Би сакала да му се заблагодарам на претседателот Трамп за одвоеното време ова попладне. Се надеваме дека претседателот ќе одобри помилување за Елис Мари Џoнсон“, напиша старлетата.
Џонсон пред повеќе од 20 години е осудена на доживотен затвор заради злоупотреба на наркотици. Казнета е дека била врска меѓу снабдувачи на улични дилери на дрога, што и бил прв судар со законот.
Кардашијан лани покрена кампања за Џонсон заради што и разговараше со Кушнер кој е задолжен за затворските реформи. Таа наводно планира уште еден состанок наскоро со Кушнер и со ќерката на Трамп, Иванка.