Свет 12. ноември 2018. / 10:14

Трамп и Ердоган во Париз разговараа за случајот на Кашоги

Трамп и Ердоган во Париз разговараа за случајот на Кашоги

Американскиот претседател, Доналд Трамп за време на својата посета на Париз, по повод одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна, се состана со својот турски колега, Реџеп Тајип Ердоган.

Како што соопшти официјален претставник од Белата куќа поводот за средба на двајцата лидери било убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Разговорот се одржа за време на вечерата на која беше домаќин францускиот претседател, Емануел Макрон. Вечерата Макрон ја организираше во саботата, ден пред главната церемонија во главниот град на Франција.