Претседателите на Турција и на САД, Реџеп Таип Ердоган и Доналд Трамп, во телефонски разговор се договориле да имаат средба во Вашингтон на 13 ноември, соопштија турските власти.
Средбата ќе се одржи на покана на Трамп.
Како што соопштуваат од турска страна, турскиот и американскиот лидер во разговорот размениле мислења за билатералните прашања и регионалниот развој.