Свет 15. април 2020. / 09:13

Трамп го стопираше финансирањето на СЗО: „Колку многу луѓе умреа поради нивните грешки“

Трамп го стопираше финансирањето на СЗО: „Колку многу луѓе умреа поради нивните грешки“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на прес-конференција изјави дека и наложил на администрацијата да го стопира финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО).

Трамп ја обвини СЗО дека знаеле за тежината на вирусот во Кина уште пред да го предупредат остатокот од светот за потенцијалната пандемија. Напоменал дека средствата кои САД ги издвојуваат за СЗО привремено ќе бидат стопирани, а во тоа време ќе има истрага.

-Не ја исполнија нивната основна должност и за тоа мора да одговараат. Толку многу смртни случаи само поради нивните грешки. Илјадници животи ќе беа зачувани ако СЗО си ја вршеше работата како што треба. Затоа мора да одговараат, рече Трамп.

Тој смета дека СЗО е одговорна за економскиот хаос и илјадници смртни случаи предизвикани од коронавирусот.

Американскиот претседател обвини и дека СЗО е преориентирана кон Кина. За две години САД на СЗО и исплатиле 893 милиони долари, додека Кина издвоила 86 милиони долари во истиот период