Организацијата Трамп размислува да ги продаде правата на Меѓународниот хотел Трамп во Вашингтон, рече потпретседателот Ерик Трамп.
Компанијата на американскиот претседател Доналд Трамп размислува за сума од 500 милиони или два милиони долари по соба, што би го направило тој потенцијален договор еден од најскапите досега направени кога станува збор за хотелите.
„Уште од кога ги отворивме вратите, имавме голем интерес и како што се занимаваме со недвижнини, секогаш сме подготвени да испробаме нови можности. Луѓето се жалат на нас затоа што заработуваме многу пари од хотелот , и затоа можеме да го продадеме “, рече Ерик Трамп.
Тој наведува дека анализата на профитот е една од причините поради кои Организацијата Трамп има намера да го продаде имотот. Компанијата веќе ангажирала фирма за недвижнини, за да им помогне да продадат хотелот кој е лоциран во зградата на сојузната влада.