Потполковникот Александар Виндман од американскиот Совет за национална безбедност, еден од клучните сведоци во истрагата против претседателот Доналд Трамп што беше водена во Претставничкиот дом на Конгресот, e обвинет и отпушен од работа во Белата куќа.
Обезбедувањето на Белата куќа го испратило од зградата, а неговиот адвокат Дејвид Пресман соопшти дека тој бил обвинет заради одмазда по неговото сведочење во истрагата.
– Нема сомнение, нити за еден Американец, зошто овој човек остана без работа и зошто оваа земја сега има еден војник помалку кој служи во Белата куќа – соопшти Пресман и додаде дека потполковникот Виндман бил обвинет затоа што ја кажал вистината.
Американските медиуми пренесуваат дека истиот ден е обвинет и братот на потполковникот кој, исто така, работел во Белата куќа.
Виндман, кој во јули лично го слушал телефонскиот разговор на претседателот Трамп со неговиот украински колега Володомир Зеленски, во ноември сведочеше дека Трамп упатил недолично барање до Зеленски.
Спорниот разговор беше во центарот на истрагата против републиканскиот претседател, пренесе Гласот на Америка.
Виндман во Одбор на Претстваничкиот дом, во кој мнозинството го имаат демокартите, рече дека не можел да „им поверува на своите уши“ за тоа што го слушнал.
– Трамп бараше од Зеленски да отвори истрага против неговиот демократски ривал Џо Бајден – изјави Виндман на сослушувањето.
Во истото сведочење тој кажа и дека не е загрижен што ќе претрпи штети поради своето сведочење.
– Ќе бидам добро, затоа што ја кажав вистината – изјави тој во ноември.
Портпаролот на Советот за национална безбедност одби да го коментира обвинието против Виндман. Неименуван извор, сепак, кажал дека потполковникот Виндман ќе биде префлен во Министерството за одбрана.
Министерот за одбрана, Марк Еспер, вчера истакна дека Пентагон ги штити сите свои припадници од одмазда.