Свет

Трамп го напушти Сингапур порано: Не можевме повеќе ништо да направиме

Трамп го напушти Сингапур порано: Не можевме повеќе ништо да направиме

Претседателот на САД Доналд Трамп го напушти Сингапур ден порано од првично планираното и пред полетување изјавил дека не сакал да остане уште една ноќ, бидејќи постигнал се што испланирал на денешниот историски самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

-Не можевме повеќе ништо да направиме – наведе Трамп.

АП пренесува дека Трамп на новинарите им рекол дека Северна Кореја ќе се денуклеаризира целосно, но тоа треба да се провери.

-Мора тоа да го провериме. Ние ќе го провериме. Целосно и комплетно – порача Трамп.