Претседателот на САД Доналд Трамп наведе дека после „многу лошиот терористички напад“ во Стразбур, САД уште повеќе ќе ја зајакне границата.
Трамп на Твитер наведе дека лидерите на демократите во Претставничкиот дом, Ненси Пелози и во Сенатот, Чак Шумер, мора да ја поддржат изградбата на ѕидот.
-Уште еден многу лош терористички напад во Франција. Да ја зајакнеме нашата граница уште повеќе. Чак и Ненси мора да ни ги дадат гласовите за да добиеме дополнителна безбедност на границите. – напиша Трамп на Твитер.
Инаку вчера во Стразбур 29-годишен маж изврши терористички напад, убивајќи три лица, а ранети се над 14.