Американскиот претседател Донадл Трамп жестоко во саботата ја критикуваше одлуката на интернет гигантите да ги суспендираат активностите на американските десни конзервативци на социјалните мрежи, оценувајќи дека станува збор за дискриминација, и обвинувајќи две големи телевизии дека се „болни“.
Американскиот претседател не споменува конкретно никој, но овие коментари следат откако интернет гигантите мината седмица започнаа офанзива протви приврзаникот на теориите на заговорот и претставник на крајната десница Алекс Џонс, кому му е забрането користење на мрежите Facebook и Spotify, а Twitter исто така во вторникот на една седмица го ограничи неговиот профил.
„Социјалните мрежи апсолутно ги дискриминираат гласовите на републканците/конзервативците“, напиша претседателот на САД, Доналд Трамп, на Twitter, ветувајќи дека неговата влада тоа нема да го дозволи, но не наведува кои мерки би биле преземени.
„Тие го замолчуваат многуте десничари, додека истовремено не прават ништо против другите… Цензурата е нешто многу опасно и апсолутно е невозможна за надзор… Ништо не е толку лажно како CNN и MSNBC, но сепак не барам да се укине нивното болно однесување… Нека учествуваат сите, и добрите и лошите“, истакнува Трамп.
Големите интернетски компании како Facebook, YouTube, Apple и Spotify ја отстранија минатата седмица содржината којашто ја објавува Алекс Џонс, кој е познат како поборник на теориите на заговорот против луѓето, со образложение дека „станува збор за говор на омраза“.

Основачот на интернет страницата InfoWars, Алекс Џонс, откри дека дека еден од организаторите на кампањата против оружјето, Дејвид Хог, не е никаков соученик на убиените ученици во Флорида, туку платен актер кој имал намера да ја анимира јавноста и нивниот гнев да го насочи во порачан правец. Истиот Дејвид Хог беше разоткриен од InfoWars како се појавува како сведок во сите возможни училишни пукања во САД. Па така, Дејвид Хог бил соуленик и на убиените ученици во Флорида во 2018, и на оние убиени во Калифорнија во 2017 година.
Овој 44-годишен жител на државата Тексас изнесува и многу други контроверзни информации, како и онаа дека американската влада го нарачала и помагала терористичкиот чин од 11-ти септември 2001 година. Во 2015 година, како кандидат за претседателската номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп учествуваше во емисијата на Алекс Џонс кој му даде поддршка за претседателските избори.