Свет 28. јануари 2019. / 11:10

Трамп е спремен да ја обнови блокадата и да прогласи вонредна состојба, ако не му ги одобрат парите за ѕидот

Трамп е спремен да ја обнови блокадата и да прогласи вонредна состојба, ако не му ги одобрат парите за ѕидот

Претседателот на САД Доналд Трамп е спремен повторно да воведе блокада на владата или да прогласи вонредна состојба доколку Конгресот не му ги одобри парите за ѕидот на границата со Мексико.

Претставникот на Белата куќа Мик Малвени за телевизијата Си-би-ес изјави дека Трамп не сака сојузните агенции да бидат повторно затворени и дека не сака ни да прогласи вонредна состојба, но дека е спремен и на едното и на другото ако биде неопходно, соопшти денес Белата куќа.

Имајте предвид дека е спремен да направи што и да е потребно за да ја обезбеди границата (со Мексико)“, кажа Малвени.

Тој наведе дека целта на Трамп е да соработува со Конгресот, во чиј долен дом демократите го имаат мнозинството.

Конфликтот на Трамп и демократите во Претставничкиот дом е далеку од завршен, а законот кој американскиот претседател го потпиша во петокот овозможува финансирање на сојузните агенции само до 15 февруари.