Свет 18. јуни 2018. / 20:15

Трамп: Доколку Обама беше на самитот, ќе го прогласеа за херој

Трамп: Доколку Обама беше на самитот, ќе го прогласеа за херој

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги нападна медиумите, тврдејќи дека поубаво ќе известувале за неговиот самит со Северна Кореја, доколку таму бил Барак Обама.

„Претседателот Обама да оствареше добри односи со Северна Кореја и да преземеше чекори кон остварување на мир, вестите ќе го наречеа национален херој“ – порача Трамп на твитер.

Тој исто така напишал дека Обама “морал да војува, поради што ќе загинеле неколку милиони луѓе“.

Трамп со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун се состана на историскиот самит во Сингапур на 12 јуни.

Критичарите на самитот сметаат дека Трамп направил премногу отстапки и дека за возврат не добил доволно од Северна Кореја.