Претседателот на САД Доналд Трамп потврдил дека примил „извонредно писмо“ од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Трамп навел дека во писмото има оптимизам во поглед за преговорите за денуклеаризација.
„Претседателот Ким гледа светла иднина за Северна Кореја. Нетрпелив сум по прашањето за вториот самит кои ќе се одржи релативно брзо“, навел Трамп.
Претседателот на САД и претходно ги фалеше писмата на Ким.