Свет 05. јуни 2019. / 22:40

Трамп: Британскиот народ не можеа потопло да ме пречекаат

Трамп: Британскиот народ не можеа потопло да ме пречекаат

Американскиот претседател Доналд Трамп , и покрај масовните протести во Лондон , рече дека Британците не можеле потопло да го пречекаат.

Пред полетувањето од Британија кон Ирска на Твитер напиша дека ,,народот и британското кралско семејство не можеле потопло да го пречекаат”.

Нашите односи никогаш не биле подобри и на повидок е еден голем трговски договор, додаде Трамп на Твитер.

Американскиот претседател во Лондон го дочекаа демонстранти , кои во вторникот поставија голем балон со неговиот облик како пишува на Твитер седнат на златен тоалет, заедно со познатиот балон на бебето Трамп. Н

На протестите се собраа илјадници, но според медиумите помалку од минатата година. При доаѓањето во Даблин,Трамп рече дека се надева на договор во врска со границата со Ирска откако Британија ќе излезе од ЕУ.