Свет 20. декември 2020. / 20:57

Трамп: Болтон е еден од најглупавите луѓе во Вашингтон

Трамп: Болтон е еден од најглупавите луѓе во Вашингтон

-Што можеше да знае Болтон, еден од најглупавите луѓе во Вашингтон?, порача Трамп на Твитер.

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го осуди ставот на неговиот поранешен советник за национална безбедност Џон Болтон, кој се спротивставува на предлогот на генералот Мајкл Флин за воведување на вонредна состојба во некои сојузни држави со цел повторување на изборите, објави „Дејли меил“.

-Што можеше да знае Болтон, еден од најглупавите луѓе во Вашингтон?, порача Трамп на Твитер.

Трамп потсети на зборовите на Болтон додека беше на позиција советник.

-Зарем Болтон не е личноста која жестоко пред ТВ камерите го тресна” решението за Либија ” и објасни што САД ќе направат во врска со Северна Кореја? Имам неколку глупости на Болтон во архивите, додаде Трамп.

Тој енергично реагираше по интервјуто на Болтон за СНН, во кое екс советникот го нарече воведувањето на вонредна состојба во некои американски држави „застрашувачка идеја“.