Свет 22. март 2020. / 16:27

Трамп бара од Форд, ГМ, Тесла да произведат респиратори

Трамп бара од Форд, ГМ, Тесла да произведат респиратори

Американскиот претседател Доналд Трамп денес им даде „зелено светло“ на директорите на „Форд“, „Џенерал  моторс“ и на „Тесла“, барајќи од нив да се вклучат во производството на респиратори

„Форд“, „Џенералмоторс “ и „Тесла“ добија зелено светло за производство на респиратори и други производи од метал,  и тоа ИТНО!, Напиша американскиот претседател на Твитер.


Во последниве денови,  се зголемува притисокот  врз Претседателот на Соединетите Држави  да го активира Законот за производство на одбрана од Студената војна, со кој и се дозволува на владата да и нареди на индустријата да произведува основна медицинска опрема, но досега ги игнорираше ваквите барања.