Свет 05. февруари 2019. / 20:06

Трамп: Ако треба ќе изградиме и човечки ѕид

Трамп: Ако треба ќе изградиме и човечки ѕид

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер напиша дека на границата со Мексико ако треба ќе се изгради „човечки ѕид“.

Неверојатен број на луѓе доаѓа од Мексико во надеж дека ќе ја преплави нашата јужна граница. Испративме уште војници. Ако има потреба ќе изградиме и човечки ѕид. Да имаме прав ѕид, не би се случувало тоа, напиша Трамп на Твитер.

Американскиот Конгрес одбива да го финансира ѕидот на американско-мексиканската граница, поради што делумно е блокирана работата на федералната Влада.