Свет 08. јануари 2021. / 17:35

Трамп: 75 милиони патриоти кои гласаа за мене ќе имаат силен глас уште долго време

Трамп: 75 милиони патриоти кои гласаа за мене ќе имаат силен глас уште долго време

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска нагласи дека неговите поддржувачи и сите Американци кои гласаа за него на изборите во 2020 година во САД ќе имаат „многу силен глас уште долго време“.

– 75.000.000 големи американски патриоти кои гласаа за мене, „Америка на прво место“ и “ќе ја направиме Америка повторно голема“, ќе имаат многу силен глас уште долго време. Тие нема да бидат непочитувани или третирани неправедно на кој било начин и форма, објави Трамп на Твитер.

Откако неговите приврзаници упаднаа на Капитол по насилни протести во Вашингтон во средата, Трамп вети дека ќе обезбеди „уредена и непречена“ транзиција на власта на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на 20 јануари.