Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави во Вашинтон по разговорот со бразилскиот колега, Жаир Болсонаро дека кога станува збор за Венецуела, сите опции се отворени.
-Сите опции се ставени на маса“, изјави Трамп, додавајќи дека на средбата со Болсонаро не се разговарало за евентуална воена интервенција на Бразил во земјата- пренесе „Вашингтон пост“.
САД и Бразил, како и десетици европски земји, го обвинуваат венецуелскиот претседател, Николас Мадуро дека на последните избори неговата победа била нерегуларна, како и дека по негова вина во Венецуела завладеала хуманитарна криза, која налага власта да му биде пропуштена на лидерот на опозицијата, Хуан Гваидо.
САД и Бразил се обидоа врз Мадуро да извршат дипломатски и економски притисок, со цел во Венецуела да биде извршена мирна транзиција, иако Трамп не ја исклучи целосно можноста за воена интервенција, наведува „Вашингтон пост“.