По освојувањето на титулата на светското првенство во фудбал, славењето во Франција се претвори во трагедија, каде загинаа две лица, а голем број се повредени по судирите со полицијата.
Според француските медиуми, во градот Анесиј се случило несреќа, во која човек стар околу 50 години, скокнал во канал во кој имало малку вода и го скршил вратот, додека друго лице настрада во сообраќајка во Сент Феликс.
Во нередите полицијата била приморана да користи солзавец и водени топови.