Свет 04. јули 2018. / 17:48

Траект потона, 2 деца загинаа, автмобилите пловат во морето (ВИДЕО)

Траект потона, 2 деца загинаа, автмобилите пловат во морето (ВИДЕО)

Најмалку 31. лице загина, меѓу кои две деца, на возраст од 2 и 3 години, кога кај крајбрежјето на индонезискиот остров Сулавез потона тракет, а спасувачките служби наведуваат дека 130 патници ја преживеале несреќата.

Портпаролот на полицијата, Дики Сондани рекол дека траектот потонал на 200 метри од крајбрежјето и дека во него, според официјални податоци имало 139 патници.

И понатаму се трага за три лица кои се водат за исчезнати. Се верува дека тие останале на траектот и не преживеале.

На 48,5 метри долгиот тракет имало десетина возила, меѓу кои камион и автобус.