Свет 26. јуни 2018. / 18:14

Тора: Единствено решение за Шпанија е сецесија на Каталонија

Тора: Единствено решение за Шпанија е сецесија на Каталонија

Каталонскиот лидер Квим Тора изјави дека ќе му порача на шпанскиот премиер Педро Санчез дека единствено решение за политичката криза е гласање за сецесија на Каталонија со дозвола од Шпанија.

– Ќе одиме на состанок со шпанскиот премиер подготвени да разговараме за главните прашања…, а тоа е правото на самоопределување на Каталонија. Нема да се откажеме од тоа – истакна Тора,

Средбата на Санчес и Тора е предвидена на 9 јули во Мадрид. Тоа ќе биде прв состанок на шефовите на шпанската и каталонската Влада по незаконски спроведениот референдум за сецесија на Каталонија.